Попова: Шилегов нема преземено ниту една мерка за справување со загадувањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
popova

Воздухот во Скопје станува се позагаден, светските медиуми известуваат за Скопје и Македонија како подрачје каде загаденоста  на воздухот е најголема во Европа. Петре Шилегов кој година дена е градоначалник нема преземено ништо во насока на подобрување на квалитетот на воздухот.

— реклама —

Подолг период не функционираат мерните станици во Гази Баба и Лисиче, а мерната станица во Ѓорче откако покажа енормно ниво на загаденост беше изгасена. Власта наоѓа пари за луксузирање, скапи цвеќиња, кафе и лубриканти, но нема пари кога  станува збор за поправка на мерните станици.

— реклама —

Шилегов и Министерството за животна средина да не наоѓаат изговори и во најбрз можен рок да извршат сервисирање и поправка на расипаните мерни станици. Обврска на власта, а право на граѓаните е да знаат за квалитетот на  воздухот кој го дишаат.

— реклама —

Граѓаните не смее да бидат  држени во незнаење и мрак во однос на животната средина и воздухот кој го вдишуваат. СДСМ не смее да си поигрува со здравјето на граѓаните.

Шилегов и СДСМ ги изманипулираа граѓаните, едно од главните предизборни ветувања на градоначалникот беше чист воздух и чиста животна  средина. На страница 7 од програмата на Петре Шилегов за  локалните избори која ја  нарекоа „живот за сите“,  напишаа: – „Наш приоритет е подобрувањето на квалитетот на воздухот, а со самото тоа и квалитетот на животот за сите. Во градот ги носиме најреволуционерните патенти за прочистување на воздухот на денешнината, применети во најзагадените градови во светот, каков што е, на пример, градот Пекинг.“ – Една година подоцна ништо од почистиот воздух  и ништо од револуционерните решенија.

Една година како Шилегов е градоначалник, а тој нема преземено ниту една мерка за справување со загадувањето, а не пак нешто револуционерно како што ветуваа. СДСМ и Шилегов ги излажаа скопјани и тоа за најчувствителното прашање, токму затоа треба  да си замине.

Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања