Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Попова: Жално е што Шилегов одби да се пренаменат 200 илјади евра наместо за украсување во борба против КОВИД, така ќе се спасеа животи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
popova

Дрско и неодговорно е расипништвото на скопскиот градоначалник Петре Шилегов кој во период на најголема светска здравствена и економска криза троши 200 илјади евра за сијалички, лампиони и останати реквизити за новогодишно украсување. Шилегов има пари за лампиони, но болниците немаат возила за итна медицинска помош. Шилегов троши 200 илјади евра за сијалички и украси, а учениците немаат компјутери за да следат он-лајн настава.

— реклама —

Градот се расфрла со пари, додека луѓе секојдневно умираат молејќи за донаторска помош, бидејќи државното здравство е во распаѓање. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во градот Скопје поднесе иницијатива за пренамена на средствата за украсување на градот. Еве го тој предлог, кој Шилегов и мнозинството на СДСМ го отфрлија, истакна Ирена Попова, Советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Попова додаде:

— реклама —

Тие отфрлија да помогнат во корона кризата, за Шилегов да тера забави и украсување за Нова година, што е врв на недомаќинско и раскалашено однесување. Со овие пари ќе се спасеа животи.

— реклама —

Затоа Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во градот апелира градоначалникот Шилегов да изнајде правен механизам и овие средства наместо за украсување да се искористат за помош во борбата против корона кризата.

— реклама —

Tоа што за само три години од страна на Петре Шилегов се потрошени 740 илјади евра за украсување и фактот што градоначалникот останува нем на нашите повици за пренамена на овогодинешните средства, укажува на тоа дека постои оправдан сомнеж за заштита на одредени бизнис интереси. Очигледно и украсувањето за Шилегов е бизнис. На Скопје му треба градоначалник, а не шминкер, истакна Попова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања