Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Поповски: Освен што е и натаму најголем загадувач, РЕК Битола си остана и дувло на криминал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
79238086_637558040410026_8756754768203874304_n

Освен што е и натаму најголем загадувач, РЕК Битола си остана и дувло на криминал. Властите се менуваат, како и директорите, ама не и начинот на испумпување на државни пари.

Истражувачките стории на медиумите покажуваат дека релациите со бизнисмените не завршуваат. Се сеќаваме како Груевски наредуваше тендерите да ги добијат Ѕинго и Кочан, а сега гледаме дека блиски пријатели на Заеви убаво се омрсиле од бизнисот со РЕК Битола, истакна портпаролот на ГДУ Дарко Поповски.

— реклама —

Како што објавија медиумите фирмата „СВ Инвест“, во сопственост на блискиот пријател на Вице Заев, Стојан Чифлигаровски си добивала тендери во четири очи. И токму тој Чифлигаровски бил пријател и со директорот на „ЕЛЕМ“. А пак директорот Васко Ковачевски сега се крие од јавноста.

Милиони евра се доделувале во четири очи, без транспарентна постапка и процедура.

— реклама —

Зошто Ковачевски се крие? Како се прави поделбата на тендерскиот колач?

Зошто брзи постапки? Ковачевски е должен да и одговори на јавноста и зошто РЕК Битола не набави своја механизација? Со парите кои ги лапнале бизнисмените во изминатиов период за копање во РЕК Битола, можело да се купи сопствена механизација.

Во РЕК Битола тендери добиваат и фирми кои добивале и за време на претходната власт, а нивните сопственици се поврзуваат со поранешниот началник на УБК, Сашо Мијалков.

Има ли крај на игрите за извлекување на државни пари преку златната кокошка РЕК Битола? Постојат сериозни индиции за местење тендери и го охрабруваме Обвинителството да ги истражи сите сомнежи, истакна портпаролот на ГДУ Дарко Поповски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања