Роберт Поповски, министерот за комуникации, транспарентност и отчетност, во интервју за Радио Слободна Европа вели дека актуелните функционери од Владата спијат во просечни хотели за да заштедат на службени трошоци, одговарајќи на прашањето зошто помеѓу месечните лични трошоци на одредени министри има голема разлика од неколку стотици па до неколку илјади евра.
- Оние кои имаат обврска да патуваат, да пречекуваат делегации, нормално дека имаат поголеми трошоци во вкупната сума. Но погледнете го внимателно наративниот извештај и ќе видите дека никаде нема злоупотреба кај никого. Се штеди максимално, се троши внимателно, она што мора да се направи. Се спие во објекти кои се рангирани просечно или малку натпросечно. Сите се внимателни и токму тоа беше поентата на алатката. Ова е една само контрола од наша страна, не само на првите функционери во државата, туку и на директорите на јавните претпријатија, задолживме многу функционери и дава извонредни резултати, вели Поповски.
Според него, сега постои отчетност за придонесот и транспарентност за советниците во Кабинетот на премиерот Зоран Заев и дека јавноста е информирана дека се променети осуммина со други имиња.
Попоски меѓу другото истакна дека се случило многу често администрацијата да не е подготвена да ги презентира фактите и аргументите на начин на којшто ние тоа го очекуваме. И тука дефинитивно многу треба да се поработи, затоа што ако не функционира остатокот од системот, вие не можете да говорите дека сме ја постигнале онаа транспарентност којашто им ја ветивме на граѓаните, вели министерот без ресор задолжен за транспарентност и отчетност, истакна Поповски.
Видео интервјуто со министерот за комуникации Роберт Поповски на овој линк.