Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Попушти железничкиот мост на Црна река, товарниот сообраќај кон Гевгелија во прекин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
6026-pristigna-noviot-voz-vo-prilep-960x600-12

Откако беше прекинат неколкудневниот штрајк на вработените, единствениот патнички воз за Битола не сообраќа, а од попладнево патничкиот сообраќај кон Гевгелија се одвива комбинирано, со воз и со автобус, поради проблеми со железничкиот мост на реката Црна кај Стоби, пишува СДК.МК.

„Констатирано е нарушување на стабилноста на железничкиот мост над Црна Река, кај локалитетот Стоби. Поради ова, патничките возови од и кон Гевгелија ќе сообраќаат со комбиниран превоз. Од стојалиштето Стоби до станицата Кукуречани патниците ќе бидат префрлени со автобус, а потоа ќе продолжуваат со патнички воз. Што се однесува на возот за Битола кој е еден и оди и се враќа, тој од утрово не сообраќа, бидејќи локомотивата е расипана. Дали ќе тргне утре, задутре или за неколку дена не може да се прецизира“, кажа вработен во раководството на Македонски железници, кој не е официјално овластен за комуникации со јавноста.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања