Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Попустот на горивата продолжува до 18 мај, три денари пониска цена за дизелот, два денара за бензините

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
296165897_758644842021009_8011557410898836559_n

Владата информира дека по разговори со компанијата ОКТА и заради ублажување на ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството, попустот на горивата се продолжува до 18 мај 2026 година.

— реклама —

„Станува збор за мерка со која се обезбедува намалување на малопродажните цени, при што попустот изнесува 3 денари по литар за дизел горивото и 2 денари по литар за бензините од 95 и 98 октани”, информираат од Владата.

— реклама —
— реклама —

Од Владата порачуваат дека остануваат посветени на носење навремени и ефективни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, особено во услови на увезена ценовна криза и глобални енергетски предизвици.

— реклама —

„Во координација со надлежните институции и економските оператори, ќе продолжиме да ги следиме состојбите и да реагираме соодветно, со цел обезбедување стабилност и предвидливост на пазарот. Грижата за граѓаните и поддршката на економијата остануваат наш врвен приоритет”, посочуваат од Владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања