На 14.03.2022 во 15.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода В.М.(29) и М.А.(42) од Кавадарци. При претрес во домот на В.М., извршен со судска наредба, во кој бил и М.А., кај М.А. биле пронајдени и одземени хероин, марихуана и вага. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.03.2022 на подрачје на Драчево, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.С.(45) и А.И.(35), двајцата од Скопје. При претрес во домот на А.С., извршен со судска наредба, а во кој бил затекнат и А.И., била пронајдена и одземена марихуана. По целоснотдокументирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 15.03.2022 во 03.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.К.(25) од Република Србија затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.
На 14.03.2022 околу 16.30 часот на улица „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 47-годишниот Ш.С. од Неготино-полошко затоа што при преглед му бил пронајден хероин. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
На 14.03.2022, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.А.(31) од Велес затоа што кај него биле пронајдени и одземени хероин и амфетамин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.