Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Поради изгубена документација во ПИОМ, на над 4000 граѓани им фали стаж

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
penzioneri

Вкупно 4.210 работници кои имаат возраст за пензија, не можат да го остварат целосниот износ на пензија бидејќи во лавиринтите на институциите се изгубил дел од нивниот стаж. Неговото собирање е тешко да се реализира бидејќи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување има дупка во архивската документацијаза одредени години. Фирмите, пак, во кои работеле овие граѓани се ликвидирани и нема документација која може да послужи да се потврди стажот. Дополнително Фондот нема да може да наплати над 170 милиони евра долг од неплатен придонеси поради застареност, објави Плусинфо.мк

— реклама —

Ова го констатира државниот ревизор во Извештајот за ревизијата на Фондот за 2018 година.

„За периодот од 1992 до 1996 година Фондот не располага со архивирани документи за доставените М пријави, со што е оневозможено потврдување на внесениот стаж и основицата за платен придонес. Од 2011 година Фондот презел активности за дигитализација на ролни и складирање на документите во електронски медиуми преку електронски оператор. Од вкупно 2.549 микрофилмски ролни до сега се дигитализирани само 32 проценти и преостануваат уште 1.316 ролни со околу 7.100.000 документи“, стои во извештајот.

— реклама —

Текстот во целост на: Плусинфо.мк

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања