„Поради изложеноста на хемикалии, вработени во фабрика се заболени со карцином, но немаме регистар за да го докажеме тоа“, вели Ампева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
tekstilna-industrija

Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец” вели дека до сега околу 1.000 текстилни работници кои кај нив пријавиле дека им е исплатена плата под минималната.

— реклама —

„Според пријавите кои ги имаме до сега, околу 1000 работници, од текстилни компании, има исплати под минималец, има исплати на минимална плата, без вклучени додатоци кои што се за минат труд за прекувремена работа, или работа за празник. Има голем дел од фирммите кои ги сметаат работниците за вистински капитал. Додека има некои фирми кои го заобиколуваат законот, што институциите на државата ги дозволиле како менување на фирми, неисплаќање на три плати на работниците, пуштање по 2 денари плата, а потоа се жалат дека немаат работници“, вели Ампева.

— реклама —

Таа додава дека постои фабрика каде се појавуваат белодробни заболувања и карциноми поради изложеноста на хемикалии, но поради тоа што не постои регистар на професионални заболувања, тие тоа не можат да го докажат.

— реклама —

„Земавме податоци од систематски прегледи од 6447 текстилни работници, и направено е теренско анкетно истражување со текстилни работници, и детектирани се проблеми со видот, проблеми со слухот, анемија, зголемен крвен притисок, проблеми со срце, крвни садови, респиратеорни болести и карциноми. Како главни проблеми и фактори се прашината, хемикалиите, бучавата и начинот на кој се работи. Ние немаме регистар на професионални заболувања. Знам една фабрика каде што се појавуваат белодробни заболувања и карциноми на горен и долен респираторен систем и ние неможеме да докажеме дека тоа е поради изложеноста на хемикалии во конкретната фабрика. Тоа е така оти немаме регистар. А имаме 9 или 10 случаеви на вработени кои имаат карциноми“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања