Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Поради Ковачевски и владата полоши во економија од Македонија се само Украина и Русија каде има војна, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
28042022_PVRSM_Kovacevski_pratenicki-prasanja-1

Македонската економија тоне заедно со стандардот на граѓаните, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Македонија има највисока стапка на инфлација во регионот и една од највисоките во Европа. Последниот официјален податок за стапката на инфлација говори дека таа достигнала 16,7%, што е повеќе од просекот во еврозоната кој е 9,1%, од Србија со 12,9%, па дури и од Полска и Унгарија кои се во непосредното соседство на Украина кои имаат стапка на инфлација од 16,1% односно 15,6%.

— реклама —

Дезертерот Ковачевски бидејќи ја манипулира јавноста дека инфлацијата е секаде иста како во Македонија, па дури и во САД, треба да знае дека во САД инфлацијата е само 8,3%.

Ова покажува дека стандардот на народот стрмоглаво паѓа, а речиси двојно повисоката инфлација кај нас во однос на европската и американската економија, покажува дека во голема мера тоа што кај нас се случувс е предизвикано од домашни извори. Клучниот проблем на македонската економија е неспособната и криминална влада предводена од клептоманската СДС.

— реклама —

Во исто време излезе уште еден поразителен податок, а тоа е прогнозата на Светската банка за растот на БДП за оваа 2022 година. Според оваа реномирана институција растот на македонската економија ќе биде катастрофално мал од само 2,1%, а од нас полоши во Европа се само Русија и Украина. Ако на ова се додаде огромното ниво на инфлација, тогаш сме доведени во стагфлација во која малиот раст нема ниту да се забележи.

— реклама —

Ете до кое дереџе не донесе оваа власт предводена од дезертерот Ковачевски, Македонија да биде земја со уништен стандард, уништена економија, земја која проси храна и електрична енергија, земја која ја изеде корупцијата на власта“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања