АМСМ и ЈП „Македонија пат" информираат дека вечарва сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 30 до 50 м. има на Стража, до 20 м. на Попова Шапка и до 10м. од крак Маврово до брана.
АМСМ известува дека ограничувањето на брзината на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан (до с.Франгово) од 40 км/ч се укинува.Сообраќајот се одвива нормално.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ и ЈП „Македонија пат" потсетуваат дека од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.