Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Поради неспособната влада на СДСМ и ДУИ, Македонија меѓу државите со највисока инфлација, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0070

Македонија урива рекорди породи катастрофалното справување со економската криза. Македонија е меѓу земјите со најголема инфлација во Европа, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Големиот процент на инфлација го јаде и така кревкиот животен стандард на граѓаните.

Неуспешното справување со инфлацијата од страна на Владата на СДСМ и ДУИ и од страна на Народната банка нѐ искачи веќе подолг временски период на врвот на листата во Европа според висината на стапката на инфлација.

— реклама —

И во јули, според објавените податоци за годишната инфлација (на 21 држава), Македонија е на 4-тото место. Вкупно 17 држави имаат пониска инфлација, а само три имаат повисока инфлација од регистрираната во Македонија. Годишната инфлација во Македонија е и двојно повисока од годишната инфлација во Албанија во јули 2022 година.

— реклама —

Ова покажува дека животот поскапе значајно повеќе кај нас дома отколку во Европа. Воедно, ако на ова додадеме дека порастот кај платите не ја следи стапката на инфлација во повеќето сектори во економијата, тогаш јасно е дека народот е значајно осиромашен.

Наместо мерки за спречување на економската криза и помош за граѓаните и најранливите категории, државата се решава да удри директно по џебот на граѓаните и со зголемување на даноци да го полни испразнетиот буџет.

— реклама —

Оваа Влада ни донесе национална и економска катастрофа. За излез од оваа економска катастрофа која и се случува на државата и за запирање на сите национални предавства потребни ни се предвремени парламентарни избори“; се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања