Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ функционирањето на Град Скопје е во целосен хаос, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
komunalna-skopje

Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ функционирањето на Град Скопје е во целосен хаос, вели СДСМ

— реклама —

„Не само што нема нови проекти, туку не се реализираат ниту наследените преокти кои се во поодмината фаза, а за чија реализација се обезбедени средства.

— реклама —

Не се реконструира Универзална сала, не се довршува изградбата на мостовите во Карпош и Аеродром, нема реализација на клучката кај Момин поток, а во првата година од мандатот не е започнат ниту еден нов капитален проект.

— реклама —

Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска, за првпат во историјата, Скопје остана без јавен автобуски превоз.

ЈСП тоне во долгови, договорот со едниот приватен превозник е прекинат, а вториот приватен превозник два дена не вози затоа што не му се исплатени долговите.

Никаде ги нема новите автобуси што ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги ветуваа, ја нема ниту фабриката за електрични автобуси што шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски ја најавуваше.

По Скопје 2014, ВМРО-ДПМНЕ му приредува нова катастрофа на главниот град, каде не функционираат ниту основните комунални услуги, а развој, проекти и инвестиции воопшто нема“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања