Доаѓањето на папата Франциск во Скопје го светна градот. Бината каде ќе се обраќа папата веќе се подготвува, се чисти фонтаната, а плоштадот од црно бела комбинација од денеска го разубавија и засадените дрвја фотинија.
Се чистат улиците, се мора да свети до вторник. Освен естетиката на плоштадот, во голема мера е подигната и безбедноста. Граѓаните кои живеат во центарот на градот нема да можат да ги користат своите автомобили, движењето низ овој дел од градот ќе биде дозволено само со лична карта или пасош во период од 6 до 19 часот. МВР ќе врши безбедносна контрола, а на овие влезови ќе се пропуштаат граѓаните: кај Управен суд, влез кај хотелот „Мериот“, влез кај кафе „Тренд“, влез кај министерство за финансии, влез кај завод за статистика, влез кај Порта Македонија и влез предна страна од ГТЦ кон плоштадот. За возилата има целосен прекин во центарот на градот.
Булевари каде ќе се дозволи движењето с е Кочо Рацин, улица 11 Октомври од крстосницата со булевар Кочо Рацин до крстосницата со булевар Борис Трајковски, и св. Кирил и Методиј, булеварите Св. Климент Охридски, Партизанска, Гоце Делчев и Самуилова.
Повеќе на Канал5.мк