„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Поради преоптовареноста со работа дел од вработените во Општата болница во Куманово заминуваат во пензија или даваат отказ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
bolnica-kumanovo

Општата болница во Куманово нема доволно број болничари и технички персонал, кои ќе работат на одделенијата со ковид болните. Директорката Снежана Захариева завчера поднела барање до Министерството за здравство за итни вработувања на четворица болничари и 4 хигиеничари, а побарала помош од АРМ и Црвен крст, објави СДК.МК.

— реклама —

„Штом ќе добиеме согласност постапката е брза, ќе распишеме оглас и веднаш ќе ги примиме. Јас апелирав и побарав помош од АРМ ако се во можност да ни дадат обучени кадри кои ќе ни помагаат во секојдневното работење. Сѐ уште немаме одговор. Потребна ни е помош од луѓе кои што ќе работат со кислородни боци и манипулација со пациенти. Нашите болничари се малубројни, а потребни ни се на сите одделенија. Тие што ги имаме не се доволни да ја покријат сета работа“, вели директорката Захариева.

Таа кажува дека поради преоптовареноста со работа и секојдневниот стрес кој го доживуваат во работата со тешко болни пациенти, дел од вработените заминуваат во пензија или даваат отказ.

— реклама —

Текстот во целост на: СДК.МК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања