Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Поради скапиот увоз домаќинствата за неколку години плаќаат 50% поскапена струја, а компаниите дури за 500%, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
24-09-2022-Kovacevski

Власта на трајно неспособниот Ковачевски предизвика економска и енергетска катастрофа. Во последните две години домашното производство на електрична енергија е намалено за еден терават часови. Тоа ја направи Македонија најзависната земја во регионот која увезува една третина од своите потреби. Поради недоволното производство и скапиот увоз домаќинствата за неколку години плаќаат 50% поскапена струја, а компаниите дури за 500%, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Ова се одразува погубно и за стандардот на граѓаните и за стопанството.

— реклама —

Македонските компании се помалку конкурентни, бидејќи плаќаат најскапа струја од сите компании во регионот. Затоа за една и пол година дури 12 илјади компании ставија клуч на врата, а само во јули една четвртина од фирмите немаа исплатено на време плати на своите вработени. Ова се одрази на економската активност. Па така првиот квартал го завршивме со рекордно најнизок раст во споредба со регионот со само 2,8%, што е два до три пати пониско од растот на БДП во другите земји.

Граѓаните пак од друга страна се соочуваат со рекордна стапка на инфлација која достигна до 16%, што е најмногу во регионот и една од највисоките во Европа. Оваа стапка на инфлација е дури двојно повисока од европскиот просек. Тоа значи дека во голема мера е предизвикана од домашни фактори и од неспособноста на власта. Основните животни потреби, како храната и горивата се поскапени за 50 до 100%. Ако до пред некој месец околу половина милион жители на Македонија беа во сиромаштија со 150 денари на ден, сега таа бројка веројатно е далеку повисока.

— реклама —

Најстрашното од се е што оваа власт предводена од неспособниот дезертер Ковачевски не превзема ништо да им помогне на граѓаните. Наместо конкретна помош, клептоманската власт парите ги троши на октоподи, кафиња, службени возила, прослави, мебел, вработување на балдази, сопруги, фризерки, матни тендери и слични дубари.

— реклама —

Ова мора да престане. Оваа власт мора да си замине“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања