Поради сомнение за трговија со луѓе, уапсени 17 женски лица и сопственик на угостителски објект

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
prostitutki

Инспектори од Министерството за внатрешни работи врз основ на писмена наредба од судија по претходна постапка при Основен суд Гостивар бил извршен претрес во угостителски објект и други помошни простории сопственост на Р.Б.(46) од с. Добридол, поради основано сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

— реклама —

При извршениот претрес во угостителскиот објект биле затекнати десет женски лица на возраст од 21 до 39 години од кои три се државјанки на Република Северна Македонија, шест се државјанки од Република Албанија и една е од Република Косово, кои заедно со сопственикот на угостителскиот објект Р. Б. биле лишени од слобода и задржани во полициска станица Гостивар поради основано сомнение за извршено кривично дело трговија со луѓе од Кривичниот законик на Република Северна Македонија и против нив по завршување на постапката ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања