Неизвесен е почетокот на новата учебна година откако Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) најави предупредувачки протест со барање за зголемување на платите. СОНК најави штрајк на 2 септември кој ќе трае сè додека Владата не го прифати барањето за зголемување на платите. Денеска претставници на синдикалците имаа средба за да се организира штрајк. Министерот за образование штрајкот го смета како непотребен.
„Штрајк се организира тогаш кога нема решение. Ние нудиме решенија, 5% во 2018 година, 5% во 2019 година и ќе има уште едно зголемување на платите во образованието. Но, колку долго ќе трае и кога, не можам да кажам сега затоа што не ги разгледавме сите параметри, сè уште немаме јасна слика. Од обврските што ги преземавме како држава, за следната година кога податоците ќе бидат појасни, тогаш ќе излеземе пред јавноста и ќе кажеме колку ќе биде зголемувањето на платите“-изјави Арбр Адеми, министер за образование и наука.
Разговорите меѓу синдикатот и министерството немаат конкретни резултати.