Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Поради здравствени проблеми на обвинетиот Ендмонд Темелко, одложено судењето за „Титаник“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

titanik

Во Кривичниот суд денеска не се одржа рочишта за случаите „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.

— реклама —

Судијата Осман Шабани рече дека со писмен поднесок од 12 февруари 2019 година бил информиран дека Ендмонд Темелко е спречен да присуствува на денешната расправа поради нарушена здравствена состојба.

Адвокатот на Темелко кажа дека обвинетиот е хоспитализиран и е на болничко лекување во Струга.

— реклама —

Во судница не беа спроведени од домашен притвор и обвинетите Мунир Пепиќ и Миле Јанакиески.

Обвинетиот Илија Димовски го извести судот дека од 13 до 21 овој месец нема да може да присуствува на рочишта бидејќи како шеф на делегација на Собранието ќе присуствува на Парламентарно собрание на НАТО.

Во „Титаник“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска-Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување материјални докази.

На минатото рочиште меѓу другото беа прикажани службени белешки, партиски известувања, изјави од лица, потврди за одземени предмети…

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство се одложува за 27 февруари поради здравствени проблеми на обвинетиот Ендмонд Темелко.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања