Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Поради знаменце на НАТО, министерот за внатрешни работи на РС му удри шлаканица на опозициски пратеник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
lukac

Министерот за внатрешни работи на Република Српска Драган Лукач го удрил на синоќешната седница на Собранието на Република Српска пратеникот на опозиската Партија на демократски прогрес Драшко Станивуковиќ и при тоа го нарекол мајмун.

— реклама —

Лукач најпрво се јавил за збор за време на расправата за документот наречен „Програма на реформи“ за кој опозицијата тврди дека ја носи Босна и Херцеговина кон членство во НАТО, а ентитетската власт тоа го негира. Потоа Лукач му зсе заканил на Станивуковиќ (Партија на демократскиот прогрес) кој бил најгласен во острите критики на сметка на власта и тврдењата дека таа заедно со членот на Претседателството на БиХ Милорад Додик ја лаже јавноста со лажни тврдења за содржината на спорниот документ.

Станивуковиќ за време на седницата на парламентот на РС делел знаменца со симболот на НАТО, на што Лукач го предизвикал да се обиде да му го направи тоа и нему.

— реклама —

„Додека јас се борев над главата ми летаа авионите на НАТО. Гледав дали ќе ми ги истурат бомбите на глава. Не можеш да ги внесуваш тие знаменца. Ти тогаш си бил мал, но сега би требало да знаеш некои работи. Немој тоа повеќе да го правиш или ќе завршиш како знаменцата“, му кажал Лукач.

Кога Станивуковиќ му пришол и го прашал со што му се заканува, министерот за полиција на седницата му удрил шлаканица пред вџашените пратеници.

„Седи таму, мајмуне“, му кажал притоа Лукач на пратеникот Станивуковиќ.

По инцидентот седницата на ентитетскиот парламент била прекината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања