Порака од Претседателот Стево Пендаровски, по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
stevo-770x437

— реклама —

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод еврејскиот празник Јом Кипур, упати порака до претседателката на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Берта Романо – Николиќ и до припадниците на Еврејската заедница во Република Северна Македонија.

— реклама —

— реклама —

Почитувана г-ѓа Берта Романо – Николиќ,

 Јом Кипур е најсветиот еврејски празник. Вам лично и на сите припадници на Еврејската заедница во Република Северна Македонија од се срце ви посакувам празникот на покајанието, искупувањето и помирувањето да го поминете во добро здравје, среќа и љубов. Молитвите кон Бога и постот како столбови на овој празник нека ви донесат духовен мир и нека инспирираат добри дела.

 Дозволете во оваа прилика да го нагласам значењето на Еврејската заедница за нашата држава.  Иако малобројна вашата заедница има нераскинлив удел во градењето на македонскиот соживот и во негувањето на почитта и разбирањето помеѓу припадниците на различните етнички и религиозни групи. Вашите традиции и обичаи имаат оставено длабок печат врз останатите заедници, вткајувајќи се трајно во вредностите на нашето општество. На овој голем празник посакувам и понатаму сплотени да работиме на просперитетот на нашата заедничка татковина и да делуваме за нејзин просперитет и напредок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања