Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Поранешен директор на АХВ на вработена пет месеци ѝ плаќал неоснован бонус од 63.000 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
krediti-za-skoluvanje-denari-1

СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал до Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против З.П.(39) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело ,,Злоупотреба на службена положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 од КЗ на РСМ.

— реклама —

Пријавениот, во временскиот период од декември 2016 година до мај 2017 година, додека ја извршувал функцијата директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, искористувајќи ја својата службена положба со пречекорување на своите службени овластувања постапил спротивно на член 53 од договорот склучен помеѓу Европската агенција за безбедност и храна и Агенцијата за храна и ветеринарство.

Имено, во член 53 било децидно пропишано дека лицето кое ќе биде назначено како помошник координатор на EFSA не може да прима дополнителен надоместок од Агенцијата, ниту да ја кумулира претпристапната програма со каков било друг договор за работа со други тела. Наспроти ова, пријавениот склучил договор за дело со К.М., во тоа време вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство, за извршување на работни обврски и задачи како асистент координатор на EFSA, кои веќе биле предвидени со Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за храна и ветеринарство за нејзиното работно место.

— реклама —

Врз основа на склучениот договор за дело, во горенаведениот временски период, секој месец на К.М. неосновано ѝ биле исплаќани парични средства во износ од 62.934 денари, со што пријавениот ѝ овозможил да се стекне со противправна имотна корист во вкупен износ од 377.604 денари.

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања