Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Поранешен функционер на Левица: Еве ја таа Апасиева „Левица“, наводно работничка партија, која прима илјадници евра од фирми

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
levica

Политичката партија Левица, предводена од претседателот Димитар Апасиев, во текот на минатата 2019-та година добила донација од приватна компанија во износ од скоро 18.000 евра, објави ФОКУС.

Поранешниот функционер на Левица, Здравко Савевски, објави регистар на донации за второто полугодие од минатата 2019 година, од кој се гледа дека партијата во овој период единствената донација ја добила од компанијата Аутсорс Консалтинг Сервис и таа изнесува 1,1 милиони денари.

— реклама —

-Еве ја таа Апасиева „Левица“, наводно работничка партија, која прима илјадници евра од фирми. По криминалниот упад на Апасиев во Левица, неговата партија-фирма почна да врти доста пари. Ама, да, на страната на работниците се“, напиша на фејсбук Савевски, кој подолго време е во конфликт со поранешниот соработник Апасиев.

— реклама —

Според Апасиев, нема ништо спорно во оваа донација.

Во изјава за Фокус, тој вели дека Законот за финансирање политички партии и дозволува на Левица, како и на секоја друга партија, да прима донации од физички и правни лица.

— реклама —

https://www.facebook.com/zdravko.saveski/posts/10220313687693754

— реклама —

извор: ФОКУС

фото: ФБ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања