Ивица Вучевски, сега виш инспектор во Бирото за јавна безбедност, а за време на петкратното убиство на 12.04.2012 кај Смиљковско езеро началник на единица за насилен криминал на СВР-Скопје, надлежна за ваков вид криминал на денешното судење за случајот „Монструм” беше испрашуван од обвинителите и од обвинетите околу клучниот проблем, најдениот “Опел омега”, главен доказ за наоѓање на сторителите, објави sdk.mk.
Додека за обвинителството трагите и доказите потврдени со ДНК, земени од возилото се клучниот доказ за лицата кои ги убија четирите деца и рибарот, одбраната и во повтореното судење сака да докаже дека возилото и доказите во него го подметнале безбедносните служби.
Ова е последна серија на сведоци на обвинителството, со која треба да се расчисти главниот проблем – како се случило толку брзо да го најдат возилото кога уште МВР немало ни осомничени, кој го видел прв, кој и каде дојавил, кој отишол првин во Вражји вир да го види возилото, да го товари, земе, однесе во МВР, зошто токму тоа возило, дали крим-техника испитувала и други сомнителни возила…
„Ние не сме знаеле дали е тоа возило со кое бегал некој по сторено кривично дело или не. Ние го земавме на испитување зашто било паркирано и напуштено”, кажа Вучевски.Текстот во целост на: sdk.mk.фото: sdk.mk.