Порано вработениот во 1ТВ Христијн Баневски сведочи во случајот Рекет. Тој кажа дека во разговор со Бојан Јовановски го запрашал дали рекетираат одредена фирма, на што Јовановски рекол: „Оваа телевизија мора од нешто да живее“.
„Бев примен како репортер-новинар, а по првиот месец, водев главен информативен магазин. Неретко во уредувањето учествуваше и господинот Јовановски. Од него беше побарано да направиме најава дека ние ќе ги испитуваме водите, односно дека ќе испитуваме вода и ќе проверуваме дали некој пакува вода која ја полни од чешма. Неколку пати течеше најавата, неколку пати го кажував тоа. По извесен период, кога ги водев емисиите, наш спонзор беше ‘Пелистерка’, иако никогаш не дознав дали сме ги испратиле и добиле резултатите од водите кои беа испратени на испитување”, рече Баневски.
фото: Архива