Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Поранешен директор на Здравен дом во Свети Николе пријавен за отуѓување имот вреден 75.000 денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library9fm15rp16ldr5VDJsGw
Илустрација / Скопје1

Кривична пријава е поднесена против 63-годишен жител на Свети Николе, кој во текот на 2025 година ја извршувал функцијата директор на ЈЗУ Здравен дом „Примариус д-р Ѓорѓи Гаврилски“.

— реклама —

Од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе пријавен е С.Б. (63) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

— реклама —
— реклама —

Според пријавата, во својство на директор на здравствениот дом, тој не постапил согласно одредбите од Законот за користење и располагање со ствари во државна и општинска сопственост. Без да спроведе соодветна постапка и без да обезбеди потребна согласност од Владата, отуѓил движни ствари за кои немало соодветни податоци за нивниот вид и количина.

Вредноста на отуѓените движни ствари изнесувала 75.000 денари. Со наведеното дејствие, според пријавата, на трети лица им било овозможено да се стекнат со противправна имотна корист, додека на Министерството за здравство му била нанесена штета во истиот износ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye7sj9fb0s3focEaZRIR

Приведен маж баран со судска наредба, спроведен во затворот во Тетово

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-library8skjdshdqgaucEmWe69

Нелегално копале во гостиварско за да најдат злато, четворица лишени од слобода

Македонија | пред 17 часа

media-library61qpmgfaacd59tUJd1h

Двајца тетовци лишени од слобода, осомничени за неколку кражби

Македонија | пред 17 часа

media-librarybgp5hpdr72lgfGlTF86

Малолетник нападнат од група врсници во Аеродром, случајот пријавен во полиција

Скопје | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања