Промени тема
Контакт

Поранешниот командант на ОВК се закани: „Косово, Албанија и Македонија ќе горат во пламен“ ако лидерите на ОВК бидат осудени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-libraryuf4jo7cuqn3a7GWtFww
screenshot Youtube

Поранешниот командант на ОВК, Насим Харадинај, упати остри предупредувања за можни последици во регионот доколку Специјализираните совети во Хаг донесат осудителни пресуди за поранешните лидери на ОВК, пренесува косовскиот медиуми „Зери“.

Во гостување на телевизијата Т7, Харадинај изјавил дека евентуална затворска казна за Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи би предизвикала жестока реакција, не само на Косово, туку и меѓу албанското население во регионот. Според него, пресудата најавена за 16 септември би можела сериозно да влијае врз стабилноста.

— реклама —

Харадинај се осврнал и на најавите дека одредени лица би можеле да ја прослават евентуалната осудителна одлука, предупредувајќи дека таквиот чин би можел да има сериозни последици.

— реклама —

Тој оценил дека судскиот совет во Хаг треба да ги има предвид можните последици од својата одлука, бидејќи, според него, осудителна пресуда би можела да предизвика дестабилизација и хаос во регионот.

— реклама —

Харадинај притоа порача дека во случај на осудителна пресуда „Косово, Албанија и Македонија ќе горат во пламен“, што претставува директно предупредување за можна ескалација на состојбите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

haradinaj-kurti

Харадинај до Албанците во Македонија: Не му верувајте на измамникот Курти, сите патишта и проекти се блокирани во Косово

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања