Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Поранешна љубовница заработи обвинение поради уцена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Денеска Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против битолчанка на возраст од 34 години која се товари за сторено кривичното дело – Уцена од член 259 став 1 од Кривичниот законик.

Во периодот од 15 јануари до 11 март, обвинетата со намера да се стекне со противправна имотна корист, во повеќе наврати му се јавувала на оштетениот со кого претходно била во љубовна врска, барајќи парични средства со уцена дека доколку не и ги даде парите ќе испрати компромитирачки фотографии од него на неговото семејство и ќе ги објави на социјалните мрежи со цел да ги наруши неговите чест и углед, како и честа и угледот на неговото семејство. Продолжувајќи со  истите закани и уцени, на 10 март 2020 година, обвинетата го  контактирала оштетениот преку апликациите Viber и WhatsApp, при што побарала од него следниот ден, на 11 март во 14:00 часот, да и донесе 1200 евра  во хотел во Скопје, а остатокот од побараните 13.000 евра  да и бидат исплатени дополнително.

— реклама —

По преземање на оперативно технички мерки и претходна крим-техничка обработка на паричните средства, обвинетата беше лишена од слобода во моментот кога бараните средства ги зеде од оштетениот.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје со обвинението достави и посебен предлог за продолжување на определената мерка куќен притвор за обвинетата, бидејќи постои опасност  да се крие или да се даде во бегство.​

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања