„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Поранешната антикорупционерка Билјана Ивановска денеска ќе се појави во Обвинителството на распит

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-08-15-at-20.48.55

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата и кандидатка за градоначалник на Општина Центар од иницијативата „Независни заедно“, Билјана Ивановска, ќе треба да даде исказ во обвинителството по кривична пријава поднесена против неа од страна на физичко лице.

— реклама —

Од Јавното обвинителство засега не откриваат ниту кој е подносителот, ниту за кое кривично дело станува збор. Единствено прецизираат дека повикот за распит не е поврзан со нејзината кандидатура, туку дека поканата до Министерството за внатрешни работи ја испратиле уште на 25 јули, а времето на доставата се совпаднало со нејзината одлука да влезе во изборната трка.

Обвинителката Адела Бојчевиќ, која го води предметот, ја контактирала Ивановска и ѝ понудила можност распитот да се одложи доколку таа смета дека поканата може да се протолкува како притисок во текот на изборната кампања.

— реклама —

„Со оглед на нејзината јавна реакција, надлежниот јавен обвинител телефонски ја контактираше Ивановска и ѝ даде можност, доколку сака и доколку исказот го чувствува како форма на притисок, истиот да се помести по завршувањето на изборите,“ наведоа од Обвинителството.

Ивановска, пак, реагираше дека поканата ја добила само 11 часа откако ја соопшти својата кандидатура, но додаде дека нема намера да ја одложи постапката и оти ќе се појави во Обвинителството бидејќи нема што да крие.

Обвинителството посочува дека пријавата за која преземаат дејствија е поднесена уште на 18 февруари годинава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања