Промени тема
Контакт

Поранешната министерка предупредува: Без целосна истрага – нови трагедии како со Росица ќе се повторат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
rosica

Професорката по право и поранешна министерка за правда, Рената Десковска, реагираше по повод двојното убиство и самоубиството што неодамна се случи во Велес, предупредувајќи дека случајот не смее да се затвори само затоа што убиецот е мртов.

Таа како пример го наведе најновиот случај Scuderoni против Италија (бр. 6045/24), во кој Европскиот суд за човекови права утврди дека Италија ги прекршила член 3 и член 8 од Европската конвенција за човекови права поради тоа што властите не презеле навремени и соодветни мерки за заштита на жртвата. Судот тогаш наложи исплата на 15.000 евра за нематеријална штета и 10.000 евра за трошоци.

— реклама —
— реклама —

„Потребна е целосна истрага за да се утврди одговорноста на оние кои требало да преземат дејствија за заштита, а не го сториле тоа. Тоа е потребно заради задоволување на правдата, но и како поука за идни случаи. Не може секогаш вината да се бара во наводните ‘дупки’ во законите“, напиша Десковска.

Таа истакна дека најблиските роднини на убиените имаат право да ја тужат државата за сериозни прекршувања на домашното право и на Европската конвенција за човекови права, како и да бараат надомест на штета.

— реклама —

https://www.facebook.com/share/p/19hVXX25uV/?mibextid=wwXIfr

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya656tm8v26ru3PL5D60

Синот на познат режисер нема да добие смртна казна за убиството на своите родители

Свет | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryml8o7diat41g5EMuESm

Убиство во Скопје: 25-годишник застрелан со повеќе куршуми, починал во болница

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Македонка осудена на осум години затвор во Австралија: Ја задушила 85-годишната соседка и го фрлила телото во река

Македонија | пред 4 седмици

media-librarybsattomtnk671tEAmvW

ТикТок инфлуенсерка убиена од сопругот откако јавно го обвини дека е педофил

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања