„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Поранешната специјална обвинителка Јанева излезе на слобода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-libraryf9i7co1odmop2ErwpFp

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која издржуваше седумгодишна затворска казна во казнено-поправната установа „Идризово“, од понеделникот е на условен отпуст и го напушти затворот.

— реклама —

Таа беше осудена на седум години затвор за злоупотреба на службената положба, а во казната и беше пресметано и времето поминато во притвор.

Јанева беше осудена во предметот „Рекет“, заедно со Бојан Јовановски, кој доби подолга затворска казна за изнудување пари од бизнисменот Орце Камчев.

— реклама —

По апсењето на Јанева, Специјалното јавно обвинителство беше укинато со поддршка на сите парламентарни партии, додека дел од предметите продолжија во редовното обвинителство. Камчев во предметот „Империја“ призна вина и се спогоди, издржувајќи пократка затворска казна.

Случајот „Рекет“ сега е пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Последното јавно појавување на Катица Јанева беше во „Претрес со Ландов“, каде отворено кажа дека додека е зад решетките и пречи што се зборуваат невистини и се води црна кампања против неа. Раскажа како го поминува слободното време, но и како се прилагодила во казнено-поправната установа.

xspLZVxcQ3M

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

katica

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Нема да ви помине Катица, нема да ви поминат мигрантите за пари, народот ви подготвува крај“.

Македонија | пред 1 седмица

Screenshot-2024-07-24-at-21.38.00

(Видео) Јас се извинувам многу, како што ќе ме казнат, треба да ми дадат и шанса за да се оправда довербата, вели Јанева за казната од Управата за санкции

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-07-24-at-21.56.46

(Видео) Јанева: И честитам на Владата, се надевам ќе бидат носители на промените, се надеваме на колективна амнестија

Македонија | пред 1 година

TIZER-FULL-ONE.00_00_22_13.Still008

(Видео) Катица Јанева по шест години: Многу е извадено од контекст за мене, јас кога станав СЈО бев изградена личност

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања