Поранешни вработени во СЈО бараат од Пендаровски да им се извини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sjo

Поранешни вработени во Специјалното јавно обвинителство реагираа на говорот на претседателот Стево Пендаровски во Пелинце. Тие велат дека СЈО не го сочинувало само една личност од бараат од претседателот извинување. Реагираат дека тој во обраќањето ги поистоветил сите вработени без исклучок, како да се тие дел од организиран криминал.

— реклама —

„Обвинителството не го сочинуваше само една личност, па оттаму крајно некоректно е сите вработени да се поистоветат со постапките на една личност и притоа нивниот труд да биде девалвиран“, велат поранешните вработени преку соопштение.

Како што додаваат, ниту една нивна постапка во сега веќе укинатото СЈО, не придонела за распад на институцијата, туку истата е укината со политички договор.

— реклама —

„Бидејќи никој, а особено не Претседател на држава, не може и не смее да обвинува од говорница, бараме Претседателот јавно да се извини на сите кои беа дел од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и да ја повлече ваквата срамна изјава во најкус рок“ се додава во соопштението.

Шефот на државата говорејќи за правната држава во илинденското обраќање, како лош пример го посочи згаснатото СЈО.

„Наште граѓани со право се разочарани кога гледаат дека обвинителството кое беше симбол на сите наши надежи за расчистување со организираниот криминал се распоадна како последица на тоа што и самото стана дел од организираниот криминал“, рече Пендаровски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања