Поранешниот директор на Онкологија, Васев, ослободен од обвинение

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Screenshot-2023-10-30-at-18.09.51

Ексдиректорот на Клиниката за онкологија, Никола Васев и двајца доктори, се ослободени од обвинението за несовесно работење во службата, откако беше поднесена кривична пријава од семејство на починат пациент во 2018 година.

— реклама —

Обвинетите Никола Васев, Игор Стојковски и Марија Симоновски се ослободуват од обвинението, со оглед дека од изнесените докази во текот на потапката не е докажало делото што им се става на товар, кажа судијката Славица Наумовски.

— реклама —

Јавната обвинителка Лидија Раичевиќ најави жалба пред второстепениот суд. Таа тврди дека кривичните дела се сторени и тројцата доктори заслужуваат осуда.

— реклама —

Предметот почна во 2021 година, а според обвинението на пациент со малиген меланом три месеци во 2018 година не му била препишувана терапија на Клиниката за Онкологија и починал откако му се влошила здравствената состојба.

Според обивнението, Васев како директор на Онкологија не одобрил да му се препише соодветна терапија од јуни до септември 2018. Во ноември истата година на семејството на пациентот им рекол да сами да си набават лекови од соседна држава. Сето ова го направил иако тој не бил ординирачки доктор туку лекување на овој пациент биле задолжени другите двајца обвинети доктори. Тие одговараа за несовесно лекување болни токму заради тоа што затоа што три месеци на пацинетот не му пропишувале терапија, здравствена состојба му се влошила и починал во јануари 2019.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања