Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Поранешниот градоначалник на Њујорк официјално стана албански државјанин

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryekbi9qnmud72ceAqvJ0

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Ерик Адамс, доби албанско државјанство и пасош. Одлуката е донесена со посебен декрет потпишан од претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, и објавен во службениот весник.

Во декретот се наведува дека на Ерик Лерој Адамс му се доделува државјанство на Албанија, кое стапува во сила веднаш. Засега тој не ја коментирал одлуката.

— реклама —
— реклама —

Адамс претходно ја посети Албанија, каде што одржа средби со премиерот Еди Рама и разговараше за соработка во областа на туризмот и технологијата, при што ја пофали Тирана како град што се развива во позитивна насока.

— реклама —

Според објава на премиерот Еди Рама на социјалните мрежи, Ерик Адамс сам побарал албанско државјанство при неговата претходна посета на Тирана. Тој тогаш го опишал градот како „мал Њујорк“ и изразил изненадување од неговиот развој и привлечност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања