Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден - му испрати писмо на Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев прими писмо од поранешниот потпретседател на Соединетите Американски Држави Џо Бајден во кое истакнува дека му претставувало чест што се сретнал со премиерот Заев на Конференцијата за безбедност во Минхен и за разговорот низ кој размениле мислења за актуелните политички прашања.

„Уште еднаш Ви честитам на историскиот договор со Грција во Преспа. Уверен сум дека договорот е сериозен позитивен развој и за европската интеграција и единство. Како што реков на разговорот во Минхен, успехот на Северна Македонија е успех и за цела Европа, и тоа е добро за сите“, пишува во писмото поранешниот потпретседател на САД, Бајден.

— реклама —

Поранешниот потпретседател на САД Бајден уште пишува дека со нетрпение го очекува денот кога Република Северна Македонија ќе биде пречекана како полноправна членка на НАТО.

„Вашата визија ги постави темелите на безбедноста и сигурноста и Вашето лидерство како Претседател на Владата од граѓаните на Северна Македонија ќе биде запаметено по историското достигнување“, нагласува во своето писмо до премиерот Заев Џо Бајден.

— реклама —

Поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден го завршува своето писмо со увереноста дека пријателството меѓу двата народи во годините пред нас ќе биде сѐ посилно.

„Ве уверувам дека јас лично ќе се застапувам за вашите политики и посветеност за подобра иднина“, се вели во писмото на Поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден до Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања