Поранешниот претседател на Р Македонија, Ѓорге Иванов објави статус на социјлната мрежа Фејсбук преку кој на сите им го честита празникот. Иванов напиша:
- Републиката е на народот, бидејќи од него извира сувереноста и во него се слева сувереноста.
Република Македонија не е приватна сопственост та некој да тргува со неа, со нејзините атрибути и вредности.
Република Македонија не е личен имот та некој да ја распродава.
Република Македонија не е ничија земја, та секој да ја присвојува.
Република Македонија му припаѓа на народот кој ја создал.
Слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано.
Честит Илинден.
Вечна Македонија
https://www.facebook.com/exmacedonianpresident/photos/a.10156478377096158/10156620864886158/?type=3&theater