Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Поранешниот светски рекет број еден, Руседски: Не верувам дека Алкарас ќе биде подготвен за Вимблдон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Спорт
media-libraryud02umlrg509fTjNQtW

Иако Ролан Гарос сè уште не е започнат, на тениската сцена веќе почнаа првите сериозни прогнози за Вимблдон.

Особено во Велика Британија, каде што тревнатиот гренслем-турнир е еден од најважните спортски настани во годината, внимателно се следи состојбата со повредата на Карлос Алкарас.

Поранешниот светски рекет број еден, Грег Руседски, смета дека настапот на шпанскиот тенисер на Вимблдон е под голем знак прашалник поради проблемите со зглобот на раката.

— реклама —

„Не верувам дека Карлос Алкарас ќе биде подготвен за Вимблдон“, изјави Руседски во својот подкаст.

„Неговата повреда е сериозна. Се сеќаваме колку страдаше Хуан Мартин дел Потро поради такви проблеми. На сите ќе ни недостига, но мислам дека ќе ја донесе вистинската одлука. Не смее прерано да се врати на терените“, додаде тој.

— реклама —

Руседски потсети дека проблемите со зглобот не само што ја нарушиле кариерата на аргентинскиот ас Дел Потро туку сериозно го забавиле и Доминик Тим, кој по пребрзото враќање никогаш не успеал да се врати на препознатливото ниво.

Алкарас последниот меч го одигра во Барселона пред повеќе од еден месец, а веќе е познато дека нема да настапи ниту во наредните недели, вклучително и на Ролан Гарос.

Постои можност Шпанецот да се врати на турнирот во Квинс, две недели пред Вимблдон, но засега нема официјална потврда.

— реклама —

Токму поради ваквата ситуација, Руседски смета дека Новак Ѓоковиќ би можел да добие голема шанса повторно да го нападне трофејот на лондонската трева.

Српскиот тенисер моментално го дели второто место на вечната листа во опен-ерата по бројот на освоени титули на Вимблдон со Пит Сампрас, додека пред него е само Роџер Федерер.

— реклама —

„Мислам дека Ѓоковиќ размислува дека, во отсуство на Алкарас, тоа е негова голема шанса за титула. Неговата цел е да пристигне на Вимблдон што е можно поздрав и подготвен. Ќе се обиде на Ролан Гарос да одигра мечеви што му недостигаат, можеби ќе настапи и на некој турнир на трева и ќе се обиде врвот на формата да го достигне во Лондон. Новак никогаш не смее да се отпише“, изјави Руседски.

Поранешниот британски тенисер истакна дека и понатаму силно верува во можностите на Ѓоковиќ и покрај годините и сè посилната конкуренција.

„Ако е здрав и физички подготвен, може да победи кого било. Тој и понатаму е доволно добар. Но мислам дека следните недели ќе бидат клучни“, заклучи Грег Руседски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryud02umlrg509fTjNQtW

Надал: Повредата на Алкарас не мора да остави последици

Спорт | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryud02umlrg509fTjNQtW

Алкараз под знак прашање и за Вимблдон по повредата на зглобот

Спорт | пред 2 месеци

media-libraryud02umlrg509fTjNQtW

Алкарас под знак прашање за Ролан Гарос: повредата може да трае со месеци

Спорт | пред 2 месеци

alkaraz-1

Алкарас со мотив за враќање на првото место на АТП листата во Барселона

Спорт | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања