Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Поранешните министри Весиќ и Момировиќ во притвор за корупција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
policija-belgrad

Вишиот суд во Белград им одреди притвор до 30 дена на 13 осомничени во случајот за корупција за време на реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад и реконструкцијата и модернизацијата на железничката пруга Нови Сад – државна граница. Меѓу нив се и поранешните министри Томислав Момировиќ и Горан Весиќ.

— реклама —

Одлуката за притвор сепак не е конечна, бидејќи адвокатите на осомничените имаат право на жалба на оваа одлука во следните три дена.

— реклама —

Томислав Момировиќ, Анита Димовски, Небојша Шурлан и другите осомничени кои досега беа испрашувани од Обвинителството за организиран криминал негираа каква било вина во врска со корупцијата во проектот за реконструкција на железничката пруга од Нови Сад до Суботица.

— реклама —

Горан Весиќ не бил испрашуван бидејќи била доставена медицинска документација во која се наведува дека е на болничко лекување.

Приведените се сомничат дека го оштетиле буџетот на Република Србија за 115,56 милиони американски долари, што претставува разлика помеѓу преземените финансиски обврски за државниот буџет и договорната цена од комерцијалниот договор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

operacija

Историски успех на српските неврохирурзи: Првпат применета нова метода при операција на мозочна аневризма

Балкан | пред 18 часа

— реклама —
media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Студентите во Србија најавуваат специјален суд и бараат оставки од најмоќните функционери

Балкан | пред 21 час

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Лажни дојави за бомби во објектите на РТС, вработените се вратија на работа

Балкан | пред 1 ден

zmija-1

Питон пронајден во училишен двор во Белград, сопственикот тврди дека му испаднал од ранец

Балкан | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања