Поранешните ривали на мразот се вериле за време на Олимписките игри во Милано

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Магазин
media-library9v0je5p6q5mkdDgM1ST

Некогашните спортски ривали, во уметничко лизгање Оливија Смарт и Жан-Лук Бејкер, се вериле. Американскиот клизач ја запросил својата поранешна ривалка на улиците на Милано за време на Зимските олимписки игри, каде што таа настапуваше за Шпанија. Просидбата се случила на Валентиново, точно на годишнината од моментот кога тој ѝ ги признал своите чувства за време на Игрите во Пекинг 2022, пишува People.

— реклама —

Смарт (28) и нејзиниот танцов партнер Тим Дик го завршиле натпреварот во Милано на деветтото место, но британско-шпанската клизачка сепак заминува среќна од Игрите. Нејзиниот сегашен вереник, 32-годишниот Бејкер, ја запросил вo сабота, 14 февруари, а среќната вест парот ја сподели со заедничка објава на социјалните мрежи. „Секогаш тоа беше ти“, кратко напиша Бејкер. Во коментарите следуваа бројни честитки од светот на уметничкото лизгање. Американскиот клизач Еван Бејтс им порача: „Честитки!! Ви посакувам среќа“, додека Ели Кам додаде: „😭😭 Беше толку прекрасно. Честитки 🎉🥹“.

— реклама —

Олимписката ѕвезда во рагби Илона Махер изненадено коментираше: „Молам?!?!?! Дали ова се случи пред или по тоа што те видов?!“, на што Смарт ѝ одговори дека просидбата се случила „буквално неколку часа подоцна“.

— реклама —

Пријателство подолго од една деценија

Смарт и Бејкер биле пријатели години пред тој да ѝ признае што чувствува. Во тоа време, таа била во врска со друг маж. „Во тој момент бевме најдобри пријатели веќе околу 11 или 12 години“, рече Бејкер во видео објавено на олимпискиот канал. „Се сеќавам на тој чувството во стомакот, мислата дека нема да се чувствувам удобно ако на нејзиното венчание би бил само гостин… Искрено, не можев да продолжам да живеам а да не знае како се чувствувам“, раскажа тој. По нивните слободни програми во Пекинг, Бејкер сфатил дека е „време да ѝ каже нешто“.

Олимписки патеки

На Зимските олимписки игри во Пекинг 2022, каде што настапувале како ривали, Смарт со тогашниот партнер го зазела осмото место. Бејкер, кој на Игрите во Пјонгчанг 2018 освоил бронза во екипно натпреварување, во Пекинг бил единаесетти.

Иако сè уште не објавил официјално повлекување од спортот, Бејкер поради низа повреди не настапувал од Игрите 2022.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања