Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Поразот на Мицкоски во Маврово Ростуше е директен, никаде го нема да се огласи, ниту со статус на Фејсбук, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
kovachevski-3

Со двојната победа на СДСМ и коалицијата на вонредните избори за градоначланик во општините Маврово Ростуше и Центар Жупа, граѓаните му испорачаа жежок шамар на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски, вели СДСМ

— реклама —

„Поразот на Мицкоски во Маврово Ростуше е директен и уште поголем бидејќи загуби кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е член на Извршниот комитет на партијата.

Тој загуби од кандидатот на СДСМ и Коалицијата со разлика од 1.300 гласови.

— реклама —

Истовреме на вонредните избори за советници во општина Тетово ВМРО-ДПМНЕ забележа драматичен пад на поддршката од граѓаните. Од скоро 6.000 гласови во 2017 година ВМРО-ДПМНЕ падна на 3.000 гласови на гласањето во саботата.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ во општина Тетово, која има над 80.000 гласачи, освои помалку гласови од СДСМ и коалицијата во Центар Жупа.

Колку и да се мачи ВМРО-ДПМНЕ не може својот дебакл на вонредните локални избори да го претстави како победа.

— реклама —

Затоа и Мицкоски со денови никаде го нема да се огласи, ниту со статус на Фејсбук“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања