Учителката е избркана од училиште во Куманово, заради објавување на експлицитни фотографии и видеа. Изгуглајте, Учителката од Куманово на сајт за возрасни. –Со ваква порака од анонимен испраќач биле алармирани родителите на децата од паралелката 4-6 од основното училиште „Лазо Ангеловски“ од скопската населба Аеродром, објави Алфа.

Загрижените родители информираат дека таа веќе една година работела во училиштето како замена и дека оваа вест за нив е вистински шок пред почетокот на новата учебна година.
Родителите вознемирени и во паника се обратиле до директорот на училиштето Перо Арсеновски, а како што опишуваат, тој со дрзок тон им се обратил дека нема време да се занимава со тоа бидејќи во моментот го очекувал да пристигне градоначалникот на општината Аеродром, Златко Марин. Откако не наишле на разбирање кај Арсеновски, родителите веднаш се упатиле во Општина Аеродром, каде барале средба со градоначалникот Златко Марин.
Алфа се обратила и до основното училиште „Кочо Рацин“ во Куманово, а оттаму ја потврдиле аферата за наставничката која на својот фејсбук профил објавувала експлицитни фотографии, кои од 2015 година почнале да се шират во јавноста, пропратени со видео за возрасни. И тогаш родителите реагирале за нејзина промена, по што наставничката сама си дала оставка.
Текстот во целост на : Алфа.мк