Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Пороен дожд и грмежи зафатија повеќе делови од државата, невремето се движи кон Гевгелија и Кичево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryocqkml60c0v09xSdHAb

Невреме проследено со пороен дожд, грмежи и локално засилен ветер попладнево зафати повеќе делови од Македонија, покажуваат информациите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

— реклама —

Првото невреме беше регистрирано околу 14:16 часот во Кичево, каде имаше пороен дожд и грмежи.

Подоцна, околу 18:02 часот, нестабилност беше забележана во планинските предели северозападно од Скопје, како и во Полошкиот регион, Овче Поле и западно од Струга.

— реклама —

Во 18:16 часот УХМР информираше дека невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер има северно од Штип, во Гостивар и северно од Македонски Брод, при што облачниот систем се движеше од север кон југ.

— реклама —

Според најновите информации, во 18:39 часот невремето продолжи да дејствува во Гостивар и северно од Македонски Брод, движејќи се кон југоисток.

Во последното известување од 19:19 часот, УХМР соопшти дека од северозапад се приближува ново невреме со пороен дожд и грмежи кон подрачјата на Гевгелија и Кичево. Во исто време, слаб до умерен дожд е регистриран во Скопје, Охрид, Ресен, Македонски Брод и во северозападните делови на државата.

— реклама —

Од УХМР апелираат граѓаните да бидат внимателни поради можната појава на интензивни врнежи, грмежи и засилен ветер во погодените подрачја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2p8ha6jqnkijdbEpKXD

Променливо облачно време, во западните делови можен слаб дожд

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryc5salpee8lb74TKCv98

Облачно со локални врнежи, во Скопје максимална температура до 12 степени

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhbpbp3fdic45cnJD1Cy

Променливо облачно време, попладне можен дожд во западните делови

Македонија | пред 3 дена

media-library2p8ha6jqnkijdbEpKXD

Облачно време со дожд и северен ветер, температурите до 14 степени

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања