„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Портпаролот на Олаф Шолц: Нема да има вонредни избори во Германија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
528701286615da34164168035146119_v4_big

Во Германија нема да има вонредни избори и покрај лошиот настап на владејачката коалиција на изборите за Европскиот парламент, изјави денеска портпаролот на германскиот канцелар Олаф Шолц, Штефен Хебстрајт.

— реклама —

„Редовниот датум за избори е следната есен. И тоа е она што планираме да го направиме“, рече тој на прес-конференцијата.

Откако социјалдемократите (СДП) го постигнаа својот најлош резултат досега со 14 отсто, зад екстремната десница АфД (16 отсто) и конзервативниот блок ЦДУ-ЦСУ (30 отсто), многу политичари во Германија го повикаа Шолц да повика на предвремени парламентарни избори.

— реклама —

„Факт е дека коалициската влада е надгласана и Олаф Шолц мора да распише нови избори, како Макрон“, изјави премиерот на германската покраина Баварија и лидер на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) Маркус Зедер.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја распушти владата откако неговата партија ,,Преродба" освои 15,2 отсто од гласовите, додека десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен освои околу 32 отсто од гласовите.

Макрон посочи дека „главната лекција е научена“ на изборите за Европскиот парламент, односно дека „партиите што ја бранат Европа“ не постигнале добри резултати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

olaf-solc

Падна владата во Германија

Свет | пред 1 година

efcf1608-a4c1-45b0-8a6d-8e2b8e4dbe6c-1

Шолц повторно ќе се кандидира за германски канцелар и покрај неговиот слаб рејтинг

Свет | пред 1 година

olaf-solc

Шолц со почит ја поздрави одлуката на Бајден

Свет | пред 1 година

vucic-solc

Вучиќ го пречека канцеларот Шолц во Палатата Србија

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања