Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје: многу улици ќе се затворени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
297051333_456402029713114_4862336029331529171_n

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 06.10.2024 (недела) со почеток од 08 часот, поради одржување на „Виз ер - Скопски маратон 2024“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по и во близина на сообраќајниците каде ќе се движат натпреварувачите.

— реклама —

Настанот ќе се одвива со следните траси на движење: Траса на движење на трката од 5 км - Старт кај Собрание на РСМ, право по ул.„11 Октомври“, лево по бул.„Крушевска република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, полукружно на крстосница помеѓу бул.„Трета македонска бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на ул.„11 Октомври“.

— реклама —

Траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат два пати) – Старт кај Собрание на РСМ на ул.„11 Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по ул.„Димитрие Чуповски“, право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по ул.„Војвода Васил Чакаларов“, се до крстосница со ул.„Ангел Динев“, каде се врти полукружно назад по истата траса се до Собрание на РСМ на ул.„11 Октомври“ и се продолжува право по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул.„Крушевска република“, десно по бул.„Трета македонска бригада“, лево по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул. „Јане Сандански“, се до крстосница со бул.„Србија“, каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по бул.„Јане Сандански“ се до крстосница со бул.„Кузман Јосифовски Питу“, каде се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосница со ул.„Васко Карангелевски“, десно по ул.„Васко Карангелевски“, десно по бул.„Трета македонска Бригада“, лево по бул.„Крушевска република“, десно по ул.„11 Октомври“ до целта - плоштад „Македонија“.

— реклама —

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања