Во Скопје денеска возачите треба да очекуваат посебен сообраќаен режим и доколку наидат на полициски службеници кои го пренасочуваат сообраќајот, да го усогласат своето возење според насоките кон други сообраќајници. Посебниот режим се организира поради официјалната посета на премиерот на Албанија Еди Рама.
За сообраќај ќе бидат затворени булеварите Александар Македонски, Гоце Делчев и Климент Охридски, улиците Беласица, Митрополит Теодосиј Гологанов и Орце Николов, како и дел од улицата Франклин Рузвелт.