Промени тема
Контакт

Посебна комисија ќе утврдува дали имало пропусти во лекувањето на починатото новороденче од Ресен

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
655-402-bebe

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе иницира формирање на комисија со цел да се утврди дали имало пропусти во начинот на лекување на родилката и новороденчето од Ресен кое почина 30 часа од породувањето.

,,Веднаш е направена аспирација, вештачка вентилација, тактилна стимулација и срцева масажа. Ординирана е терапија, направени се лабораториски анализи (крвна слика и ацидобазен статус) на ден 14.06.2024 и 15.06.2024. Поради влошување на клиничката слика на ден 15.06.2024 година од страна на неонатлог од битолската Болница по претходна консултација со анестезиолог од КАРИЛ и ЈЗУ УК за детски болести – Скопје извршен е транспорт со медицинско возило но во тек на транспортот доаѓа до дополнително влошувањена општата состојба со брадикардијата. При прием на Клиниката за детски болести новороденчето е без срцева акција и дишење, спроведена е реанимациска постапка по протокол, без одговор на истата и е констатиран Exitus letalis во 16.55 часот. Упатената дијагноза е P22.9 (респираторен дистрес синром) а причина за смртта Insufitientio cardiorespiratoria.”, се наведува во соопштението.

— реклама —
— реклама —

Констатирано е дека родилката се јавила во здравствената установа на ден 14:06.2024 година заради болки кои перзистирале два дена. Извршен е преглед од страна на специјалист гинеколог-акушер, направени две кардиотокографски иследувања и примена е на одделот за гинекологија и акушерство за породување со царски рез со оглед на тоа што ова и била втора бременост. Во 2012 година исто така била породена со цариски рез. Земени се примероци за лабораториска анализа – крвнa слика и анализи за фактори на коагулација и крвна група во службата за трансфузиологија.

— реклама —

,,Породувањето е извршено со спинална анестезија во 11:43 часот на наведениот датум за што постои писмена согласност од страна на родилката. По породувањето, и наредниот ден 15.06.2024 година постојано се следи нејзината здравствена состојба и вршени се лабораториски анализи.”, се наведува во соопштението од ДСЗИ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 10 месеци

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 10 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 10 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања