Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот поради „Задушница“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
stop-policija

По повод верскиот празник „Задушница“ во текот на утрешниот ден (петок 14.06) како и во деновите од викендот (15 и 16.06.) во периодот од 06,00 до 16,00 часот во реоните на гробиштата во Бутел, во Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.

— реклама —

Притоа, МВР ги информира граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски” во продолжение по локален пат за село Мирковци до влезот за гробиштата на ул.„Боца Иванова” и излегување на ул.„Александар Урдаревски”.

— реклама —
— реклама —

По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по ул.„Црногорска“, а на гробишта „Камник“ по ул.„Јужноморавски Бригади“ и ул.„Роман Каскалиевиќ“.

— реклама —

Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања