„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Посета во ЦУК од претставници за спасување од Спелеолошката федерација на Македонија и работна средба со директорот Ангелов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
1-cuk-r-srdba-spelolozi-spasuvaci-4

Стојанче Ангелов, в. д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во рамки на континуитетот воспоставен од почетоков на годинава, оствари работна средба со претставници на спасители во природа, но и во урбани средини, конкретно со: Дарко Неданоски, претседател на Спелеолошката федерација на Македонија и раководител на Спасителната служба „Златоврв“ и Сашко Петрески од СС „Златоврв“. Средбата беше остварена секогаш актуелната тема: спасување човечки животи, по меѓународни стандарди во нашата држава, при тешки временски услови и на тешко пристапни места во сите годишни времиња.

— реклама —

На средбата со Ангелов о ЦУК, беа разменети информации за обостраните можности за соработка и координација за воспоставување релации и за спасување човечки животи во природа (во пештери, длабоки јами и слично), но и во урбани средини, при тешки временски услови во сите годишни времиња по меѓународни стандарди во нашата држава. Воспоставениот континуитет од почетокот на годинава на овие средби и соработка со ЦУК за спасување човечки животи во природа е планирано да продолжи.

Овој континуитет и интерес на невладините здруженија и федерации коишто се и за спасување човечки животи во тешки услови во природа, но и во урбани средини, дава и еден правец за заедничко препознавање, на и од, ЦУК како важен дел од Системот за управување со кризи во контекст за пренесување и координација на нивното искуство и можности за спасување животи. Тоа, како што нагласија присутните спасители од Спелеолошката федерација на Македонија и Спасителната служба „Златоврв“, се искуства од минатите активности, сегашноста, а коишто во соработка со институциите и ЦУК, ќе се координираат и надоградуваат согласно современите светски текови, искуства, а и во идна нова поставеност во и на ЦУК и Системот за управување со кризи во државата (СУК), за спасување човечки животи, по меѓународни стандарди.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања