Промени тема
Контакт

Поштар исчезнал со пензиите што требало да ги достави – од Босна и Херцеговина заминал кон Тајланд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 часа -

Балкан
media-library5tq5pqh9uai7ar0Ed0s
Photo by Jose Antonio Gallego Vázquez on Unsplash

Поштар од Чапљина, БиХ, исчезнал со десетици пензии што требало да им ги достави на корисниците, а според медиумските информации, по исчезнувањето заминал во Сараево, потоа отпатувал во Турција, додека крајната дестинација на неговото патување наводно е Тајланд.

Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон потврдило дека е започната потрага по поштарот С. Ј., објавува N1.

Поштарот во саботата, на 5 септември, заминал со пријатели во Мостар, по што му се губи трагата. Последен пат разговарал со мајка му во неделата околу 20:50 часот преку WhatsApp, по што повеќе не се јавувал.

— реклама —

Според информациите што ги објави Hercegovina.info, тој прво преноќил во хотел во Мостар, потоа заминал за Сараево, а од таму со авион отпатувал во Турција.

Според авионскиот билет што го купил, крајната дестинација е Бангкок.

— реклама —

Засега не е соопштено колкава сума пензии ја понел со себе. Случајот го проверуваат и Хрватските пошти Мостар, кои потврдиле дека се запознаени со случајот и дека спроведуваат внатрешна проверка, но не откриваат детали.

— реклама —

Проверките следуваат откако во медиумите се појавија информации дека дел од корисниците на пензии во подрачјето на Чапљина не ги добиле средствата што требало да им бидат доставени.

Од Хрватските пошти Мостар уверуваат дека корисниците не треба да стравуваат дека ќе останат без своите пензии поради случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања