Поскапите цени на услугите од Катастар се за да се покрие недомаќинското раководење, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
foto-57

Фалична е власта на Ковачевски затоа што е одлепена од реалноста. Во услови на тешка економска криза и сиромаштија ги оптоварува граѓаните и субјектите со повисоки цени на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности. Со новиот тарифник на катастарот, за кој дала согласност владата на Ковачевски, цените на услугите се поскапени за 100, 200 па дури и 500%, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Ако досега за добивање на податоците кои се потребни за подготовка на геодетски елаборат се плаќало 750 денари, со зголемувањето износот ќе биде 1.552 денари;

— реклама —

-ако правото на упис на стан досега чинеше 300 денари, сега е 1200 денари;

— реклама —

-ако имотен лист чинеше 180 денари, сега е 250 денари.

Ова е удар по граѓаните, за да се покрие недомаќинското работење на Агенцијата за катастар. Дали со поскапи услуги ќе се спасува Катастар од банкрот, институција која изминатите 5 години потроши 50 милиони евра од Буџетот и 10 милиони евра донации? Каде отидоа овие пари кога нема ниту реформи, ниту подобар систем?

Власта на СДС и Ковачевски се шампиони во упропастување на државни компании, агенции и институции и нивно претворање во загубари. Нивното недомаќинско и криминогено работење потоа граѓаните скапо го плаќаат“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања